Connect with us

Фудбал

Еден повик открива многу: Јовиќ сепак ја напушта Шпанија?

Лука Јовиќ се врати во Мадрид и наскоро ќе започне со тренинзи, но големото прашање е дали ќе остане во редовите на „кралевите“.

Се повеќе и повеќе се зборува за тоа дека би можела да патува во Англија, а новите информации го поддржуваат тоа.

Имено, во извештајот на „Bleacher“ се вели дека Јовиќ го контактирал неговиот соиграч од репрезентацијата, Александар Митровиќ и се распрашувал за животот во Англија.

Јовиќ наводно е мета на Арсенал, Њукасл и Вест Хем, па нема да биде изненадување ако замине на Островот.

Наводно Реал е подготвен да го испрати на заем, но засега нема конкретни информации.

Медиумите српскиот напаѓач го поврзуваат и со Италија, поточно Милан, кој е подготвен да понуди 40 милиони евра.

Јовиќ пристигна во Реал за 60 милиони евра, но тој постигна само два гола и многу често беше на мета на критичарите.