Фудбал
Еден руски телевизиски оператор повторно го прекина натпревар од Бундеслигата поради антивоена порака
Руската телевизија „МатчТВ“ по вторпат прекина натпревар од Бундеслигата, откако беа прикажани антивоени пораки за време на победата на Баерн од 3:0 над Арминија (Билфелд) во неделата. Поради емитување на проукраински пораки беше прекинато и следењето на натпреварот на 2 април меѓу Борусија (Дортмунд) и РБ Лајпциг. Во двата случаи, MachTV го наведе политичкото мешање во спортот како причина за прекин на емисијата.
За разлика од англиската Премиер лига и француската Лига 1, Бундеслигата сè уште се емитува во Русија по инвазијата на Украина.
Германската фудбалска лига на почетокот на март одлучи да го продолжи договорот со MachTV делумно за да дозволи во Русија да се прикажуваат антивоени пораки. Приходите од договорот се донираат за хуманитарна помош во Украина.