Фудбал
Единствениот кој му се спротивстави на Ибрахимовиќ и му скрши ребро (ВИДЕО)
Поради неговиот незгоден темперамент и неверојатната физичка конституција, фудбалерите избегнуваа конфликт со „злобниот“ напаѓач Златан Ибрахимовиќ.
Во текот на кариерата Ибра имаше неколку жестоки конфронтации со соиграчите и противничките играчи, а ривалите најмногу го извлекуваа подебелиот крај. Меѓутоа, во 2010 година легендарниот Швеѓанец удри по посилен од себе.
Станува збор за Американецот Огучи Ониеву со кој ја делеше соблекувалната во Милано.
Ониеву, која важеше за мирен и повлечен тип, падна на провокацијата на Ибра на тренинг и се претвори во невиден ѕвер.
Златан намерно налетал на него на тренинг, лизгајќи се со две стапала и настанал тотален хаос.
Беше голем како куќа, изгледаше како боксер во тешка категорија, имаше 196 сантиметри и преку 100 килограми. Не можеше да мисли на мене“, откри Ибрахимовиќ во својата автобиографија.
Наводно, пред остриот старт, Ониеву го вперил прстот кон Ибрахимовиќ да замолчи, а тоа го налутило славниот напаѓач.
„Тој кучкин син мораше да знае за што зборувам. Ја доби топката, а јас се упатив кон него и тргнав со двете нозе. Тој успеа да го избегне стартот и веднаш помислив: „Срање, промашив“. Станав и отидов кај него, а потоа почувствував удар во рамото“, откри тогаш Ибра.
Настанала жестока пресметка која наводно траела околу 25 минути.
“Го удрив со глава, а потоа скокнавме еден врз друг. Сакавме да се распарчиме. Беше брутално. Се боревме, удиравме. Изгледаше како борба за живот и смрт”.
Во жестока пресметка со Америкаецот, Ибра се здоби со повреда на реброто.
“Моите соиграчи успеаја да ме спречат и веројатно направија добра работа. Можеше да испадне полошо. Додека се каравме чувствував болка во градите, проверивме и откривме дека реброто ми е скршено”, откри Златан.
Американецот кој имаше пресметка со Ибра не сакаше премногу да зборува за настанот кој славниот ас го опиша во својата автобиографија.
„Не ја прочитав автобиографијата, слушнав што зборуваат луѓето, некои работи се вистинити, некои не. Поентата е дека имавме расправија која прерасна во физички конфликт и потоа не разделија соиграчите“, изјави Ониеву.