Connect with us

Други спортови

Еднa од најдобрите тенисерки во светот плачеше на теренот поради Палестина: Деца и бебиња умираат секој ден

Туниската тенисерка Онс Џабер, двократна финалистка на Вимблдон во 2022 и 2023 година, најави дека ќе донира дел од паричните награди од ВТА Мастерсот во Канкун (Мексико) за да им помогне на Палестинците, а во еден момент дури и заплака додека даваше изјава.

Со победата над Маректо Вондроусова (6:4, 6:3) ноќта од среда кон четврток, таа  беше многу емотивна за време на интервјуто по натпреварот.

,”Многу е тешко да се гледа како децата и бебињата умираат секој ден. Тоа ми го крши срцето. Затоа решив да донирам дел од парите од моите награди за да им помогнам на Палестинците”, низ солзи изјави таа.