Connect with us

Тајмаут

Една од најголемите судиски грешки досега е забележана во Шпанија (ВИДЕО)

Неверојатна одлука донесе судијата на натпревар од јуниорски категории во Шпанија и стана вирален хит. Досуди еден од најскандалозните пенали во историјата на фудбалот.

Момците на Депортиво од Ла Коруња прекрасно комбинираа, влегоа во шеснаесетникот, а потоа двајца играчи на Депортиво се заглавија во раце и паднаа на тревникот. Судијата со неверување покажа на белата точка и досуди пенал за Депортиво.

Таму момците не покажаа фер-плеј, не признаа дека не станува збор за пенал, ја земаа топката и постигнаа гол. На тој натпревар Естраденсе водеше со 2:0, а заврши 2:2.