Поврзи се со нас

Фудбал

Едно од најголемите промашувања на Реал на мета на Милан

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ кариерата би можел да ја продолжи во Милано.

Според италијанските медиуми, Милан бара напаѓач кој ќе му овозможи на Ибрахимовиќ да „здивне“, односно кој ќе игра во самиот врв на нападот кога на Златан ќе му треба пауза.

Во центарот на вниманието има неколку имиња, меѓу кои се истакнува Лука Јовиќ, на кого не сметаат во Реал.

Кралевите би сакале да го пратат на позајмица, но побарувачката е слаба и дури размислуваат да го продадат по многу пониска цена отколку што го купија.

Милан наводно не брза, со оглед на тоа што Ребиќ и Леао можат да играат во самиот врв на нападот доколку има потреба од тоа, па затоа се подготвени да почекаат до крајниот рок кога ќе можат да го земат Јовиќ.

Да потсетиме, Јовиќ пристигна во Реал од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но се покажа како еден од најголемите неуспеси на кралскиот клуб. Тој минатата сезона имаше 420 минути во лигата во дресот на Реал Мадрид и постигна само два гола.

Advertisement

Facebook

Реклама