Ракомет
ЕХФ донесе одлука: За Еурофарм Пелистер нема место во Лигата на шампиони!
Битолчани и спортската јавноста разочарана од одлукат која ја донесе Европската ракометна федерација. Еурофарм Пелистер нема да биде дел од ракометната Лига на шампиони, откако битолчани не добија „вајлд-карта“ за настап.
ЕХФ сега ги потврди 16-те учесници во Лигата на шампионите, па така покрај Вардар во елитата дел ќе бидат и Мешков Брест (Белорусија), ППД Загреб (Хрватска), Алборг (Данска), Барселона (Шпанија), Нант (Франција), Кил (Германија), Фленсбург (Германија), Веспрем (Унгарија), Пик Сегед (Унгарија), Елверум (Норвешка), Кјелце (Полска), Порто (Португалија), Целје (Словенија) и Мотор Запорожје (Украина).
Европската ракометна федерација денеска ги потврди 16-те учесници во групната фаза за следната сезона.