Connect with us

Ракомет

Куманово не доби билет за Лига на Шампиони

Ракометарките на Куманово не добија награда за да бидат дел од женската ракометна Лига на шампиони, откако Евроската ракометна федерација (ЕХФ) денеска не им додели „вајлд карта“ за учество во новата сезона 2020/21. Прв фаворит за освојување на титулата повторно ќе биде унгарскиот Ѓер, а покрај нив главни фаворити за учество на Ф4 ќе бидат и Ростов Дон, Мец, Брест Бретањ и Будуќност. Дел од елитата ќе бидат и данските Есбјерг и Одензе, германските Борусија Дортмунд и Битенгхајм, романските Рамницу Валчеа и ЧСМ Букурешт, како и ФТЦ од Унгарија, ЦСКА од Русија, словенечки Крим, хрватска Подравка и Вајперс Кристиансанд од Норвешка.

Ждрепката за групите е закажана за 1 јули во Виена.