Connect with us

Ракомет

ЕХФ ја откажа целата нокаут-фаза од Лигата на шампионите, познато е кој ќе оди на „фајнал-фор“!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да донесе некои навистина контроверзни одлуки во пресрет на пандемијата на коронавирусот.

Поништени се натпреварите од предбаражот и баражот.

ЕХФ, исто така, одлучи да ја откаже целата нокаут-фаза од Лигата на шампионите, па веднаш ги идентификуваше учесниците на „фајнал-форот“, која се игра кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Овој пат ќе се игра на крајот на годината, а на завршниот турнир ќе играат Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем кои во т.н. елитни групи оваа сезона во Лигата на шампионите завршија на првите две места.

Значи, во осмина финалето нема да ги има Вардар, Фленсбург, Монпелје, Пик Сегед, кои сигурно ќе бидат лути на одлуката на ЕХФ.