Ракомет
ЕХФ со Топ 5 фотографии, македонските навивачи први, а кој би друг?
ЕХФ одбра Топ 5 фотографии во досегашниот тек од Европското првенство. На две од нив се Македонци. Првата е навивач на Македонија кој е фотографиран при прослава на гол на македонската репрезентација, а втората е Гоце Георгиевски во напад.
Македонските навивачи и на ова ЕП привлекуваат најголемо внимание, во салите, низ улиците на Виена. Не само поради бројноста, туку и поради страсното навивање и бучноста.