Connect with us

Други спортови

Еклстон: Би сакал да го видам Фетел во Мерцедес

Објавено:

Продолжуваат шпекулациите каде поранешниот четирикратен шампион во Формула 1 германецот Себастијан Фетел ќе ја продолжи кариерата, откако најави заминување од Ферари на крајот на оваа сезона.

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон (89) смета дека Фетел треба да ја продолжи кариерата во Мерцедес за да биде партнер на светскиот шампион Луис Хамилтон.

„Би сакал да го видам во Мерцедес“, изјави Еклстон за германскиот РТЛ.

„Би сакал да го видам против Луис, мислам дека би било добро за Формула 1, добро за спортот, добро за луѓето што гледаат“.

Фетел дојде во Ферари како четирикратен светски шампион, но сите титули ги освои зад воланот на Ред Бул. Екипата од Маранело и германскиот возач се надеваа на успешната соработка што ја имаше Ферари со идолот на Ветел, Михаел Шумахер, кој освои пет од неговите седум светски титули во црвен автомобил.

Но, Фетел успеа да биде втор во генералниот пласман во Ферари двапати, еднаш трет, еднаш четврти и заврши на петтото место минатата година. На прашањето зошто поранешниот четирикратен шампион никогаш не се приближуваше до титулата во петте години што ги помина зад воланот на Ферари, Еклстоун не се двоумеше.

„Проблемот со Италијанците е во тоа што тие немаат вистински водач. Одговорното лице во суштина е супер инженер“, рече Еклстоун, кој ја водеше Формула 1 повеќе од четири децении, до јануари 2017 година, кога беше продадена на американската медиумска групација Либерти за 4,6 милијарди долари.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама