Фудбал
Екс фудбалер на Барса: Ми кажаа нема да играм многу, ми беше гајле кога видов во договорот дека ќе станам милионер
Камерунецот Алекс Сонг го исполнил својот сон како дете. Играл во два големи клубови, покрај и против големи фудбалски имиња. Но, Сонг исполнил уште еден друг сон, кој секако е врзан со фудбалот. Еден ден да стане милионер. Па, се чини дека тоа поважно му било од успехот во фудбалот.
-Ми кажаа дека нема да играм многу, но ми беше гајле. Го видов договорот и видов дека станувам милионер. Само тоа ми беше важно, призна Сонг опишувајќи го моментот кога потпишал за БАрселона.
Сонг во септември ќе наполни 33 години. До неодамна беше член на Сион. Во дресот на Арсенал играше дури седум сезони, но парите не ги штедел.
-Во последните две години почнав да заработувам доста парти, 15 илјади неделно. Но, се потрошив на излегувања, патувања и скапи вечери, вели Сонг.
Сонг играше за Бастиа, Арсенал, Барселона, Вест Хем, Рубин Казан и Сион. За селекцијата на Камерун одигра 49 натпревари.