Connect with us

Фудбал

Екс фудбалер на Барса за Меси: Од кого се плаши Гризман, од дете од 150 сантиметри?“

Состојбата во Барселона не е идеална. Тимот претрпува големи критики, особено откако тренерот Кике Сетиен одлучи да му даде на овој фудбалер само две минути на мечот против неговиот поранешен тим Атлетико Мадрид, со што практично го понижи.

Многумина сметаат дека за сето ова е виновен Лионел Меси. Еден од нив е поранешниот фудбалер на Барселона, Криштоф Дугари.

– Од кого се плаши Гризман, од дете од 150 сантиметри кое е полуаутистично? Се што треба е да покаже мадиња. Доколку имам проблем тоа треба да го каже јавно. Веќе година дена зборуваме дека има несогласувања со Меси, но тоа треба Гризман да го каже , вели Дугари, а пренесува „Марка“.