Тајмаут
Екс вардарките Радичевиќ и Лекиќ повторно заедно
Андреа Лекиќ потпиша двегодишен договор со црногорскиот тим Будуќност. Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар до сега настапуваше во ЧСМ Букурешт. Сега повторно во ист тим ќе биде со уште една поранешна ракометарка на Вардар, Јованка Радиќевиќ. Ова ќе биде четврти тим каде двете ракометарки ќе играат заедно. Во исто време го носеа дресот на Ѓер, потоа Вардар, па ЧСМ Букурешт и сега Будуќност.

Инаку, српската ракометарка Андреа Лекиќ во 2013-та беше прогласена за најдобра ракометарка во светот.