Connect with us

Фудбал

Екс ѕвезда на Челзи ја напушти Германија и ќе игра фудбал во земја каде има 1,7 милиони заразени со корона

 

На Саломон Калу му заврши договорот со германскиот тим Херта, а од следната сезона, која почнува на 9-ти август, ќе го носи дресот на бразилскиот тим Ботафого.

Бразилскиот тим веќе го промовираше Калу во нов играч, но зачудува фактот што тој одлучи да ја напушти Германија, која се опоравува од коронавирусот, станува безбедна земја и да се пресели во Бразил каде пандемијата е надвор од контрола. Бразил, по САД, е втората земја во светот која е најпогодена со 1,7 милиони инфицирани лица и над 69 илјади смртни случаи.

Инаку, Калу во својата кариера се прослави најмногу во Челзи каде играше од 2006-та до 2012-та година.