Фудбал
Експериментот Бабунски-Хаџиевски не вроди со плод, Васоски нов тренер на Вардар, Хаџиевски спортски директор
Бобан Бабунски и Ѓоко Хаџиевски го водеа Вардар на мечот со Воска кој е загубен со 2:1 викендов, по оставката на Грнчаров. Сепак, овој експеримент не вроди со плод, па како што пишува порталот „Вардар фанс“, Александар Васоски ќе биде нов тренер на „црвено црните“. Како што пишува порталот се очекува во текот на денешниот ден соработката да биде официјализирана. Ѓоко Хаџиевски треба да седне на позицијата спортски директор.
Васоски веќе го предводеше Вардар од клупата од 2018-та до 2020-та година, кога освои титула во 2019/2020 сезона. Во својата кариера освен Вардар ги тренираше Академија Пандев на два пати и Сараево од БиХ.