Connect with us

Фудбал

Екстремисти киднапирале поранешен фудбалер на Партизан

Поранешниот фудбалер на Партизан Мохамед Забија бил киднапиран од екстремистичка група во Либија! Познатиот туниски новинар Сухаил Кмира известуваше за ова киднапирање без да даде дополнителни детали. Забија е фудбалер на познатиот клуб од Либија – Итихад Триполи. Либиецот беше во Партизан во сезоната 2012/13. Одигра девет натпревари и постигна еден гол.

На европско трло, Забија играше само за Партизан, додека останатиот дел од кариерата го помина низ арапските и афричките земји.