Connect with us

Фудбал

Електричниот кабел за малку ќе го обесеше Меси на парадата (ВИДЕО)

Шампионската парада на аргентинските херои за малку не беше нарушена со смешен инцидент. Лионел Меси и четворица негови соиграчи беа речиси тешко повредени во екот на прославата.

Додека Меси, Анхел Ди Марија, Леандро Паредес, Николас Отаменди и Родриго Де Пол се возеа во задниот дел од автобусот со отворен покрив кој свечено ги обиколуваше улиците на Буенос Аирес, петмината за влакно пропуштија електричен кабел. Отпрвин не ја забележале опасната ситуација и морале да покажат молскавичен рефлекс за навреме да легнат.

За играчите тоа беше само страв и изгубена бејзбол капа на Паредес.

Инаку, стотици илјади се собраа на забавата по повод третата светска титула. „Гаучосите“ предводени од Лионел Скалони триумфираа во епска драма против Франција и ги симнаа од тронот „петлите“, а Лионел Меси го исполни својот најголем сон.