Фудбал
Елези пред дуелот со Украина: Не очекува силен натпревар, но мораме да веруваме во нас!
Агон Елези со оптимистички најави за дуелот со Украина, кој се игра во петок во Скопје во рамките од квалификациите за пласман на ЕП.
– „Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат“.
– „Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што не очекува, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се е можно и ќе дадеме се од себе. Се надеваме на позитивен резултат“, вели Агон Елези.