Фудбал
Елиф Елмас пред вечерашниот меч: Сите, секогаш го даваме најдоброто за Македонија
Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Фарски Острови игра пријателски меч.
“Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за Македонија. Така ќе биде и со Фарски острови. Јас за репрезентацијата секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам само за Македонија. Секогаш се трудам да го дадам максимумот”, вели Елмас.
Мечот се игра со почеток во 18 часот.