Фудбал
„Елиот го спаси Милан од банкрот!“, но Равезони не се согласува со тоа!
Иван Газидис, администратор на Милан, поставен од страна на Елиот на врвот на „Росонерите“, за време на претставувањето на Стефано Пиоли како нов тренер за замена на Марко Џампаоли, зборуваше за финансиската состојбана клубот.
„Елиот го спаси Милан од испаѓање во Серија Д, како што се случи и со Парма и другите клубови.Тие беа на работ на банкрот кога ги добивме“.
Но, директорот на „Телеромболија“, Фабрицио Равезони не се согласува со тоа.
„Газидис вели дека Елиот го спасил Милан од Серија Д. Не е точно. Лаги! Имаше и други купувачи, но попрофитабилно е да се инвестираат некаде околу 500 милиони евра за да се извлече барем 1 милијарда за четири години“.