Connect with us

Тајмаут

Елитна проститутка открива каков е се*сот со Кристијано Роналдо, му ја препорачале двајца фудбалери

Не е тајна дека славниот португалски фудбалски ас, Кристијано Роналдо е слаб на елитни „придружнички“. Неговата скриена страст кон „ноќните дами“ често го „ставаше“ на насловните страни на жолтиот печат. Со неговото име поврзани се бројни секс скандали.

Познатата бразилска манекенка, ТВ водителка, но и поранешна Мис Бум Бум, Андреса Урах, го откри во својата книга „I died to live” сексуалното искуство со славниот фудбалер.

Андреса не беше позната само како водителка и манекенка. Се занимаваше со елитна проституција, а нејзините услуги ги користеле само клиенти со длабоки чебови.

„До својата 27-ма година својата интима ја поделив со стотици мажи, можеби ги имаше илјада. Го претворив своето тело во ефтина роба, открива Андреса.

Беше една од најбараните во Бразил, а набрзо и Кристијано Роналдо и „фрлил око“.

-На Роналдо ме препорачаа двајца фудбалери со кои веќе спиев. Ми се јави и ме праша дали навистина имам најдобар задник во Бразил, открива Андреса и додава:

-Додека бев во лифтот од неговиот хотел срцето забрзано ми чукаше, бидејќи знаев дека секунди ме делат од средбата со Роналдо. Кога се отвори вратата од неговата собра, ме пречека со насмевка и ми рече да влезам. Кусо разговаравме околу она што ќе се случи, а потоа ме грабна. Имавме груб и див секс, не очекував дека е таков. Роналдо е многу агресивен во креветот, се заврши многу брзо, напиша во својата книга Андреса.