Connect with us

Фудбал

Елмас ги изненади најмладите во основно училиште во Тетово

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби некој ден плус одмор од селекторот Благоја Милевски пред да се приклучи на репрезентацијата во подготовките за натпреварите во јуни во рамките од Лигата на Нации.

Елмас слободното време денес одлучи да го искористи така што ги изненади децата од тетовското село Јеловјане. Елмас го посети основното училеште во ова место и се дружеше со најмладите кои секако беа пријатно изненадени од посетата на „дијамантот“.