Connect with us

Фудбал

Елмас ќе добие шанса против Барселона?

Повредата на Лоренцо Инсиње му дава шанса на Елиф Елмас да игра против Барселона. Иако се мислеше дека можеби не се работи за ништо сериозно, на крај 29-годишниот офанзивец би можел да го пропушти реваншот против Барселона на „Камп Ноу“.

Елиф Елмас во секој случај ќе биде „на готовс“ бидејќи македонскиот ас е една од најреалните опции за замена на Инсиње доколку капитенот не биде подготвен. На почетокот од годинава токму Елмас го менуваше Инсиње додека напаѓачот беше повреден, Гатузо беше задоволен од неговите настапи, па многу лесно може да се случи македонскиот „дијамант“ да стартува од првата минута на „Камп Ноу“.