Connect with us

Фудбал

Елмас, Мин Јае, Ѓулер, купи евтино, продај скапо, најдобрите зделки на Фенербахче!

 

Турскиот гигант Фенербахче во изминатите години покажа како се работи. Станаа тим кој купува евтино, создава квалитет, а потоа продава скапо. Така е последниот случај со 18-годишниот Арда Ѓулер кој е продаден за 20 милиони евра на Реал Мадрид. Го купија од Ѓенчербирли во 2019-та за 2,5 милиони евра. Претходно успешна таква приказна беше и нашиот Елиф Елмас. Купен е од Работнички за 200 илјади евра во 2017-та година, а во 2019-та го продадоа на Наполи за 16 милиони евра. Уште еден транфер на релација Фенер-Наполи. Дефанзивецот Ким Мин Јае беше купен од Пекинг Гуан за 3 милиони евра во 2021 година, а една година подоцна е продаден за 18 милиони евра на Наполи. Со ова, од 2017-та година до сега, Фенербахче вложил 5,7 милиони евра, а со само три трансфери заработи неверојатни 54 милиони евра.

– Елиф Елмас дојде за 200 илјади евра, а потоа беше продаден за 16 милиони евра на Наполи.

-Ким Мин-Јае дојде за 3 милиони евра, а потоа беше продаден за 18 милиони евра на Наполи.

-Арда Ѓулер дојде за 2,5 милиони евра, а потоа беше продаден за 20 милиони евра на Реал Мадрид.