Тајмаут
Елмас: Нема зошто да не ја пеам химната, Македонија е големо срце, татковина, мајка – за неа сè би дал до последен здив!
„За мене Македонија е нешто што многу значи. Прво, Македонија е едно големо срце! Потоа татковина, мајка… За Македонија сè би дал. И ова не го зборувам само колку да го кажам, туку е нешто што го чувствувам. Многупати досега го покажав тоа дека би играл за сите селекции. Ако треба и ако можам пак ќе играм за сите селекции – до мојот последен здив! И на сите играчи им велам дека треба да ја сакаат својата држава како што ја сакам јас и да уживаат во тоа“, ни рече Елмас после доделувањето на наградите на ФФМ.
„Нема зошто да не ја пеам химната. Јас сум дел од нејзе, јас сум роден тука, јас живеам тука и јас ќе ја пеам химната. Веќе реков дека Македонија за мене е сè – татковина, мајка, срце“, додава Елмас.