Connect with us

Фудбал

Елмас се враќа во првиот тим на Наполи против Риека

Македонскиот бисер Елиф Елмас утре повторно ќе се врати во првиот тим. 21-годишниот фудбалер за врска ќе стартува од почеток на новата пресметка со хрватска Риека.

Елмас пред 20 дена против Риека на „Руевица“ го одигра првиот меч како стартер, откако заглави претходно во изолација, па сега повторно против хрватскиот тим добива шанса од стартот, откако викендов Џенаро Гатузо му даде само неколку минути во судиското надополнување во поразот во дербито од Милан со 1-3.