Connect with us

Фудбал

Елмас: Ова не е тоа што треба да бидам, би сакал уште едно ниво погоре, тоа што знам да бидам

„Нема никакви рани, тоа е дел од фудбалот секогаш се случуваат такви работи, но требаше да се поправат уште работи. Ни фалат играчи, Адеми и други. Но ние сме сите заедно да дадеме се од себе и да ја однесеме Македонија на ниво на кое треба да биде. Ова беше контролен натпревар, Финска е многу добра репрезентација, знае да игра фудбал, беше добар натпревар, одигравме тоа што бара селекторот но мора да се поправат некои работи за да следните квалификации на тоа ниво на кое треба“, изјави Елмас во микс зоната.

Во однос на тоа колку е задоволен од неговата форма и последните натпревари, Елмас рече:

„Моментално исрекно ќе ви кажам дека некои работи се променија. Сега повеќе играм, ова не е тоа што треба да бидам, но би сакал уште едно ниво погоре, тоа што знам да бидам“, заклучи Елмас.