Connect with us

Фудбал

Емери: „Мбапе од спортски причини потпиша за ПСЖ, а не од финансиски“

Унаи Емери со неколку зборобви објасни за сите оние кои го критикуваат начинот на кој неговиот тим и Манчестер Сити доаѓаат до успех, трошејќи огромни суми на пари секој трансфер период.

Тој верува дека ПСЖ направил голема пресвртница во поредокот на светскиот фудбал ова лето, кога успеа да ги направи трансферите на Нејмар и Килијан Мбапе.

„Барселона и Реал Мадрид сакаа да го купат Мбапе, но ПСЖ имаше сила да го задржи во француски клуб. Верувам дека трансферот се случи од спортски причини, а не од финансиски, како што претпоставуваат повеќето. Клубовите гледаат дека нивното богатство е загрозено од Манчестер Сити и ПСЖ, кои се клубови со голем капацитет. Но, овие клубови создаваат нови имиња на врвот на светскиот фудбал, па затоа сите клубови треба да им се благодарни поради тоа“, рече Унаи Емери.

Реклама

Facebook

Реклама