Поврзи се

Фудбал

Емери се закани: Реал не знаат што ги чека на „Парк де Пренс“

Тренерот на Пари Сен Жермен, Унаи Емери ги предупреди Реал Мадрид дека не знаат што ги чека кога ќе гостуваат на „Парк де Пренс“ во скоро време.

Реал ќе допатува во францускиот главен град за реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Во повеќето од мечевите што ги одигравме оваа сезона, покажавме дека можеме да се справиме со задачите што си ги поставуваме, рече Емери.

– Но особено добро се чувствуваме на нашиот стадион. Реал Мадрид знаат дека им претстои да играат на „Парк де Пренс“, но не знаат што ги очекува тука, се закани тренерот. – Ова се два „Ел Класико“ дуели за кои се подготвуваме внимателно, додаде Емери.

ПСЖ изгуби 1:3 во првиот меч во Мадрид. Реваншот е на 6 март.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал