Connect with us

Фудбал

Емоции, ги бришеше солзите на неговата мајка, Реал Мадрид ја претстави турската надеж, во трката ги победија Барселона, Милан и Арсенал (ВИДЕО)

Реал Мадрид и официјално го презентираше новото засилување, младиот Турчин Арда Гулер. Тој ќе го носи дресот со бројот 24 и се очекува да биде освежување во средниот ред но и фудбалер за идните неколку сезони со оглед на тоа дека има 18 години.

Ѓулер го комплетираше трансферот од Фенербахче во Реал Мадрид за 20 милиони евра, што е за 2,5 милиони повеќе од излезната клаузула во договорот. Сепак, Реал се реши на тој чекор за да ги победи Барселона, Милан и Арсенал во таа трка.

„Новиот Озил“, како што го доби прекарот поради префинетиот стил на игра и техника, овој петок се обврза на шестгодишна соработка со најтрофејниот клуб на планетата. На промоцијата на Ѓулер, според традицијата, во свечената сала на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ присуствуваше и претседателот Флорентино Перез, како и семејството на играчот. Токму неговата мајка дојде до израз кога не можеше да ги задржи солзите од среќа.

Тогаш Арда почна да ги брише солзите и тој потег стана вирален на социјалните мрежи. Ѓулер има 18 години, но веќе има значително искуство бидејќи две сезони играше за првиот тим на Фенер. Постигна девет гола со 12 асистенции, но веќе се наметна како најдобар играч на турската репрезентација.