Connect with us

Тајмаут

Емотивна порака до Синиша Михајловиќ од неговата ќерка Вирџинија

Борбата на Синиша Михајловиќ, легендата на српскиот и италијанскиот фудбал со леукемијата и начинот на кој се соочи со оваа болест многумина не ги остави рамнодушни.

Неговото семејство најдобро знае низ што поминал поранешниот фудбалер, а сега тренер на Болоња.

Поради тоа, неговата ќерка Вирџинија Михајловиќ испрати емотивна порака преку социјалните мрежи.

-Татко ми ме научи да не се откажувам, да гледам директно во целта и да ја достигнам. Со него учам секој ден и нема ништо поубаво за една жена од тоа да учи од својот татко, маж кој прв ве сакал и маж кој ќе ве штити засекогаш. И денеска имам среќа, повеќе од другите. Сакам да ви кажам никогаш да не се откажувате, бидејќи, како што тој вели, светлото е на крајот на тунелот и сакам еден ден да го пронајдете тоа светло, пишува Вирџинија меѓудругото во пораката објавена на социјалните мрежи, а пренесена од српските, но и италијанските медиуми.

Михајловиќ има две ќерки, Викторија и Вирџинија.