Connect with us

Фудбал

Емотивната порака на Фатма од Нови Пазар до Ноле одекна во регионот!

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, вчера донираше 80.000 КМ на Нови Пазар за да помогне во борбата против вирусот „Ковид-19“, а тоа крајно допре до младата српска тенисерка Фатма Идризовиќ.

Фатма (15), која е од Нови Пазар, реши да му се заблагодари на Ноле со многу емотивна порака која одекна во регионот.

„Благодарам светлост наша, наша Новак! Црните облаци лебдат над животите на нашиот мал град со големо срце, град на добри, вредни, чесни луѓе, големи души на коишто чума на која сме сведоци и во која моментов живееме се заканува да ги уништи. Моменталниот животот за сите нас од Нови Пазар тажен, тежок и црн И, кога потонавме, кога сите наши надежи беа исцрпени дека може да се стави крај на ова црнило, херојот на нашите срца уште еднаш го влеа тој еликсир на животот, ја врати вербата во подобро утре, ни даде нови крилја за да се издигнеме од калта на корона“, рече Фатма, додавајќи:

„Благодарам Новаче, благодарам многу и вечно фала за твоја добрина што е неискажлива. Вечно ке бдеш во нашите мисли, молитви, со векови твојата добрина ќе се раскажува и слави, затоа што ти тоа го заслужуваш светлост наша!“

Патем, Фатма е голема надеж на српскиот женски тенис затоа што е повеќекратна шампионка на оваа земја и на 15-годишна возраст веќе е член на репрезентацијата на Фед Купот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама