Фудбал
Емотивната реакција на Де Јонг кога дозна дека Ајакс е елиминиран од Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Sвездата на Барселона Френки де Јонг се појави многу вознемирена кога дозна дека неговиот поранешен клуб Ајакс е елиминиран од Лигата на шампионите.
22-годишниот холандски играч од средниот ред потпиша договор со Барселона во јануари, пред да го комплетира неговиот трансфер од Ајакс во текот на летото за 65 милиони евра.
Де Јонг му беше многу важен на Ајакс минатата сезона, бидејќи холандскиот клуб успеа да ги освои шампионатот и домашниот куп и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.
Сега, Холанѓанецот ќе го продолжи своето патување во Лигата на шампионите оваа сезона со Барселона, која претходно обезбеди пласман во нокаут фазата.
Сепак, Де Јонг не беше среќен по синоќешниот натпревар во Барселона со Интер, откако дозна дека Ајакс е елиминиран од ЛШ во групната фаза.
Was this the moment Frenkie de Jong found out Ajax had been eliminated from the Champions League? ?? pic.twitter.com/31VJsu0Rc2
— Football on BT Sport (@btsportfootball) December 10, 2019
Ајакс беше совладан со 1-0 од Валенсија и остана трет во групата Х, еден бод зад Челси и шпанскиот клуб.