Connect with us

Други спортови

ЕМОТИВНО: Ѓоковиќ се сеќава на првиот натпреар: Мајка ми ме прегрна, а мене почнаа да ми течат солзи

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ последниот период често се сеќава, но и објавува интересни моменти од неговото детство.

Деновиве, се сеќава на неговиот прв натпревар, а тоа звучи доста емотивно.

„Се сеќавам на првиот турнир кој го одиграв во животот, имав само осум години, а победив на мечот по тај-брејк со 10-8. Бев исполнет со среќа и многу изморен. Мајка ми ме прегрна, а мене почнаа да ми течат солзи. Следниот ден загубив од Троицки со 0-9, па повторно се расплакав. Многу плачев додека бев дете“, открива Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ зборуваше со Вашек Поспишил и откри дека плачел многу често додека бил млад.