Connect with us

Фудбал

„Енфилд е толку стар што не би поминал ниту технички преглед“

„Енфилд роуд“ се смета за стадион со најдобра атмосфера во Англија, и со оглед дека е место каде се одиграни многубројни големи натпревари, со право го носи култното име.

Уште еден голем натпревар ќе се одигра на „Енфилд роуд“ за три седмици, овој пат реваншот од осмото финале во Лигата на шампионите каде Ливерпул ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид.

Атлетико славеше со 1:0 во првиот натпревар одигран на модерниот „Ванда Митрополитано“. Ден по важната победа, претседателот на мадридскиот клуб Енрике Серезо се пошегува на сметка на домот на Ливерпул.

„Кој удира прв, удира двапати. Да се ​​видат навивачите како навиваат за нашиот тим беше неверојатно. Тоа беше шоу. Енфилд е голем стадион, но стар е“, рече Серезо

„Енфилд“ е изграден уште во 1884 година. Осум години подоцна тој стана домаќин на натпреварите на Ливерпул. Последно е обновено во 2016 година кога неговиот капацитет се зголеми на 54.074 места.