Connect with us

Фудбал

Енис Барди пред утрешниот меч: Повеќе нема „пријателски“ средби!

Капитенот, Енис Барди на прес-конференција во тимската база во Анталија ги сподели своите очекувања спроти утрешниот контролен натпревар против Молдавија на стадионот „Мардан“.

Мислам дека сите доаѓаме со коректна минутажа на овој собир. Гледам дека повеќето фудбалери играат доста и се редовни во своите клубови. Мислам дека натпреварувачката форма е на наша страна. Само да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што не чека од септември. Овие два натпревари ни се тест, да видиме до каде сме, за да ги поправимегрешките од некои претходни средби“.

Можам да кажам дека сме подготвени за секоја улога што ќе ни ја даде селекторот. Свесни сме дека по долго време се собравме пак, гледам дека соиграчите едвај чекаа да се сме заедно. На ниту еден натпревар не ни е потребна екстра мотивација. Со самиот повик за репрезентацијата мора да сме мотивирани, да бидеме подобри и да даваме што е можно подобри перформанси. Овој натпревар е со ривал кој за малку не се пласира на ЕП, може многу да ни помогне за Лигата на нациите. Анализиравме и се подготвивме за Молдавците. Повеќе нема „пријателски“ натпревари, даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија“, вели Барди.

Натпреварот меѓу Македонија и Молдавија се игра на стадионот „Мардан“ во Анталија во 15:30 часот. Три дена подоцна не очекува дуел против Црна Гора.