Фудбал
Енрике го објави списокот на Шпанија, па сите видоа колку ги почитува Барселона и Чави
Луис Енрике денеска го објави списокот на шпанската репрезентација за натпреварите против Албанија и Исланд.
Шпанците веќе полека ги започнуваат подготовките за Мундијалот бидејќи обезбедија пласман во Катар. Црвената фурија месецов ја очекуваат два меча, против Албанија и Исланд.
Првиот натпревар шпанската репрезентација ќе го одигра на стадионот во Корнеља на 26 март против Албанија, додека три дена подоцна во Ла Коруња ќе ја пречека репрезентацијата на Исланд.
Луис Енрике денеска го објави списокот на играчи за овие два натпревари и направи неколку измени. На списокот е и Феран Торес, кој пружа добри игри во Барселона, но изненадувањето беше што го немаше Адам Траоре.
Исто така, за шпанските медиуми е интересно што на списокот го немаше Серхио Бускетс, но поради фактот што Енрике реши да го испочитува искусниот играч за врска и барањето на Чави.
Тие побараа од Бускетс да ги прескокне овие два натпревари за да се одмори од жестокото темпо, а Енрике на крајот се согласи на тоа и потврди дека е добра идеја.
На списокот на Шпанија се: Унаи Симон, Роберт Санчез, Давид Раја; Ерик Гарсија, Жорди Алба, Маркос Алонсо, Лапорте, Пау Торес, Диего Љоренте, Аспиликуета, Карвахал; Коке, Родри, Педри, Гави, Карлос Солер, Маркос Љоренте; Дани Олмо, Сарабија, Мората, Раул де Томас, Јереми Пино.