Connect with us

Други спортови

Ентони Џошуа конечно си најде противник

Главниот промотор на британскиот боксер Ентони Џошуа, Еди Херн ја најви наредната борба на моментно најголемата ѕвезда во овој спорт. Иако се очекуваше на 13. април  Џошуа на Вембли да ги брани титулите, се чини дека сите прегвори за овој термин на борбата пропаднаа. Британецот бараше борба против  Деонтеј Вајлдер, за обединување на титулата, му нудеше борба и на Тајсон Фјури, а онаа што најмногу ја сакше беше против Дилан Вајт се најде последна во редот, но иза неа нема договор.

Откако договорот за април не беше постигнат Еди Херн најави дека Џошуа  ќе влезе во рингот на лето и тоа во борба против Американецот Џерал Милер, борба која што ќе се одржи во „Медисон Сквер Гарден“.

  • Вајлдер молчи, а преговарвме со Фјури и Вајт.  Сакам Џошуа да дојде во САД. Милер е во топ пет тешкаши и тука се слуша неговиот глас. За да бидете светска ѕвезда морате да се борите во Америка. Навистина би било големо достигнување еден Британец да го исполни „Медисон Сквер Гарден“, истакна Херн и додаде:
  • Ако нема меч со Вајлдер, Фјури или Вајт,  ќе мора Ентони да оди во Америка. Тогаш Џери е пред сите. Немојте да се изненадите ако во јуни има борба. Да се замине во Њујорк и да се добие противникот во својот двор е голема работа. Но, Џошуа по секоја цена ја сака и борбата со Вајлдер и затоа се може да се промени во последен момен. Преговорите се уште не се затворени.