Ракомет
Ентрериос нов тренер на нашиот Кире Лазаров
Тимот на Нант, каде што настапува капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, во новата сезона ќе има нов тренер.
Од претходно беше познато дека Тјери Анти ќе си замине една година пред истекот на договорот, но сега е позната неговата следна дестинација, а тоа е португалскиот тим Спортинг Лисабон.
Нов тренер на Лазаров најверојатно ќе биде помошникот на Анти и некогашен соиграч на Македонецот од Сиудад Реал – Алберто Ентрериос.
Наскоро се очекува да биде официјализирано името на Шпанецот како прв тренер на Нант, кој сезонава ќе мора да бара вајлд-карта за место во Лигата на шампионите.