Кошарка
Епска битка: Реал немаше сили за нов пресврт, Ефес е вториот учесник на Ф4 турнирот
Анадолу Ефес успеа да го елиминира Реал Мадрид (88-83) во трилер натпревар на четвртфиналната „мајсторка“. Анадолу Ефес е вториот учесник на фајналфор турнирот од Евролигата што ќе се одржи во Келн.
Најефикасен на теренот беше Синглтон со 26 поени. Кај мадриѓани прво име беше Лапровитола со 17 поени, колку што запиша и Симон.
ЦСКА Москва прва обезбеди место на завршниот турнир кој оваа година ќе се одржи во Келн.
Крис Синглтон беше најдобар поединец на овој натпревар постигнувајќи 26 поени, Мициќ реализираше 18, а Симон 17 поени за Анадолу Ефес. Лапровитола со 17 поени беше најефикасен во составот на Реал Мадрид, кој и покрај извонредното издание сепак не успеа да стигне до пресврт во оваа четвртфинална серија.