Connect with us

Фудбал

Ералдо Чинари си замина од Тетово, Трумчи е новото засилување

Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Ералдо Чинари, се раздели со тетовскиот клуб. Тој разделбата ја објави на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се на Шкендија за периодот поминат во овој клуб.

Чинари беше еден од лидерите на тимот, но очигледно дека ова лето ќе следи делумна реконструкција на составот.

Шкендија веќе ги започна подготовките за новата сезона, а се раздели и со десниот бек Башким Велија. На оваа позиција е доведено ново засилување од албанскиот клуб Билиш, Александер Трумчи.

Advertisement