Connect with us

Тајмаут

На 50 години се ожени легендарниот италијански фудбалер, партнерката е 16 години помлада (ФОТО)

Легендарниот италијански фудбалер Филипо Инзаги (50) се ожени оваа недела на Форментера, најмалиот шпански остров во групата Балеарски Острови. На Форментера, Инзаги се ожени со Анџела Робусти, шеснаесет години помлада партнерка која се занимава со организација на свадби. Популарните Пипо и Анџела се заедно седум години и се родители на тригодишниот Едоардо и Емилија, која има една година, а сега решија својата врска да ја крунисаат со брак.

Тие ги поканија пријателите и роднините на шпанскиот остров да наздрават за нивната свадба, која официјално ќе се одржи на 24 јуни во Салерно, Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми, младенците добиле аплаузи од бројни познати фаци, а меѓу нив и поранешните соиграчи на Инзаги, легендарните фудбалери Кристијан Виери, Масимо Оддо, Масимо Амброзини, Џузепе Панкаро, Роберто Баронио и секако неговиот брат Симоне Инзаги, кој сега е тренер на Интер.