Фудбал
Ериксен има две понуди
Кристијан Ериксен вчера и официјално се раздели со Интер.
Ериксен вчера пристигна во Милано, а веќе беше јасно дека соработката ќе биде прекината.
Сè се случи малку неочекувано, со оглед на тоа што Ериксен играше многу добро и беше важна алка во Интер.
Но, на почетокот на ЕП доживеа срцев удар, а благодарение на брзата реакција на докторот му беше спасен животот.
Има поставено дефибрилатор и му е дозволено активно да игра фудбал, но не и во Италија каде што има јасно правило за играчи со какви било проблеми со срцето.
На почетокот на овој месец, Данецот се врати на теренот и почна да тренира во Одензе. Моментално претежно трча, но има и вежби со топка и удари кон голот.
Сепак, неговиот агент Мартин Шутс вели дека Ериксен има две понуди на маса, и дека наскоро ќе донесе одлука.
„Тој ќе продолжи да игра“, рече тој.
Фудбалерот од средниот ред наводно би можел да се врати во Холандија во тимот на Ајакс за кој настапуваше од 2009 до 2013 година кога замина во Лондон и потпиша за Тотенхем.
Да потсетиме, кариерата ја започна во помладите категории на Одензе. За Интер одигра 60 натпревари на кои постигна осум гола и запиша три асистенции.