Connect with us

Фудбал

Ериксен: Многу сум среќен, нема да го менувам стилот на игра

Јануарскиот преоден рок беше многу интересен. Сепак, во морето големи приказни, можеби најголемата е тоа што Кристијан Ериксен се враќа во Премиер лигата во дресот на Брентфорд.

Сите знаеме што се случи пред речиси една година на стадионот Паркен во Копенхаген. Фудбалскиот свет застана. Но, за среќа, срцето на Кристијан Ериксен не застана. И тоа беше најважното нешто во тоа време на ЕУРО 2020.

„Пред се, им должам благодарност на луѓето околу мене. На соиграчите, лекарите, па луѓето од болницата, за се што направија. Им благодарам на сите луѓе кои ми дадоа пораки за поддршка и секако на моето семејство кое помина низ сето ова со мене. Имав среќа на крајот на грдата епизода на едно прекрасно место. Не бев на овој свет пет минути, но се разбудив и можам да се сетам на се“ – изјави Ериксен .

Она за што можат да се израдуваат многумина, а веројатно не претерување и сите вистински љубители на фудбалот, е фактот што капитенот на Данска му се враќа на фудбалот. По раскинувањето на договорот со Интер во јануари, тој потпиша шестмесечен ангажман со премиерлигашот Брентфорд. А што да очекуваме сега од фудбалерот Ериксен?

„Нема да го менувам стилот на игра. Имав време и бев дисциплиниран и дури чувствувам дека никогаш не сум бил во подобра форма. Единствено што недостасуваше беше фудбалот. Се чувствувам како дома и нема причина да менувам нешто во стилот на фудбалот.“