Connect with us

Фудбал

Ериксен му соопштил на сопственикот на Тотенхем дека сака да замине, а му го кажал и името на клубот

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен има намера да се пресели во Интер во зимскиот преоден рок. Дваесет и седумгодишниот играч од средниот ред веќе се сретнал со претседателот на лондонскиот клуб Даниел Леви и ја објави својата желба да го промени тимот.

Се очекува Леви по денешниот натпревар на Тотенхем со Норвич, да се сретне со агентот на фудбалерот и да ги договори условите за трансферот.

Интер е подготвен да понуди 15 милиони евра за Ериксен со бонуси, за Тотенхем бара 20 милиони.

За потсетување, договорот на Ериксен со лондончани важи до крајот на оваа сезона.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com