Фудбал
Ериксен одби да потпише нов договор со Брентфорд, Манчестер Јунајтед и Тотенхем се фаворити
Кристијан Ериксен одби да потпише нов договор со Брентфорд , каде што настапуваше во последните шест месеци. 30-годишниот Данец се претстави многу добро откако се врати во игра во јануари, со амбиција да се приклучи на посилен тим во Премиер лигата и што подобро да се подготви за Светското првенство на крајот на годината. Се зборува дека за него најсериозен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и поранешниот клуб на играчот од средниот ред Тотенхем . Сепак, Ериксен сака повторно да игра во Лигата на шампионите, што автоматски ги прави „мамузите“ фаворит за негово привлекување.
Антонио Конте и Ериксен беа заедно во Интер, а штом Данецот потпиша со Брентфорд и покажа дека може да игра на највисоко ниво, менаџерот на „мамузите“ призна дека со задоволство повторно ќе соработува со техничкиот играч за врска.