Connect with us

Фудбал

Ериксен, Жиру, Јанг, Спинацола…„Inter Is Coming“!

Иако оваа сезона кампањата на Интер е наречена “Not For Everyone”, сепак се чини дека онаа минатогодишната повеќе одговара на италијанскиот тим за оваа сезона, а тоа е „Inter Is Coming“.

Според медиумите, директорското дуо Аусилио – Марота успеале да договорат четири засилувања кои наскоро ќе бидат промовирани. За првото е познато, тоа се Спинацола од Рома кој доаѓа како размена за Политано.

Вториот играч за кој италијанските медиуми пишуваат дека треба утре да пристигне на лекарски прегледи е Ешли Јанг од Манчестер Јунајтед.

Наводно договорен е и напаѓачот на Челзи Оливие Жиру, а најдоброто Интер го чува за крајот. Вечерва сите италијански медиуми објавија дека „паднал“ договор со Тотенхем и за 17 милиони евра Интер го купува Кристијан Ериксен и нема да чека во јуни како слободен играч да пристигне во Милано.

Во наредните 48 часа, според медиумите и тој треба да пристигне на прегледи. Со овој тим што во моментов го има, и доколку сите овие засилувања пристигнат, тогаш Антонио Конте ќе добие солиден состав, кој ми би можел до крајот на сезоната да се трка за титулата.