Connect with us

Фудбал

Ерлинг Халанд конечно одговори на исмејување од страна на фудбалерите на ПСЖ

Норвежанецот достоинствено и пристојно му одговори на ПСЖ.

Ерлинг Халанд слави голови со медитација. Тој така го славеше и голот против ПСЖ во првиот натпревар од осмото финале во Лигата на шампионите, но откако францускиот шампион ја нокаутираше Борусија во реваншот, следуваше провокативно исмејување од страна на играчите на ПСЖ – сите медитираа и го исмеваа Халанд.

“Не, не, навистина, воопшто не ми пречи. Мислам дека ми помогнаа многу да ја покажам оваа медитација на целиот свет затоа што медитацијата е важна работа, затоа сум благодарен што ми помогнаа во тоа”, рече Халанд.

Нејмар беше лидер во медитацијата, а по натпреварот против Борусија, Бразилецот објави фотографии на Инстаграм за дополнително да го испровоцира Халанд, кој едноставно е ладен и да не се вознемирува.

View this post on Instagram

P?R I S our city, not yours ??

A post shared by ene10ta Érre ?? ? neymarjr (@neymarjr) on