Connect with us

Фудбал

Ерлинг Холанд замина во Манчестер

Новото засилување на Манчестер Сити Ерлинг Холанд попладнево со лет од Барселона замина во својот нов клуб . Тој беше во каталонската престолнина на лекарски прегледи, а потоа се упати на Островот.

Од видеата на социјалните мрежи се гледа дека со него е и неговиот татко Алф-Инге Холанд.

Норвежанецот пред повеќе од една недела го одигра последниот натпревар за Борусија (Дортмунд). Сити го презеде откако ја активираше откупната клаузула од 75 милиони евра.